top of page

БЛОГ
Search


Децата на Манасија се враќаат дома во рамките на операцијата „Крилја на зората“
Автор: Хауард Флауер, директор за Алијах во ICEJ Припадниците на заедницата „Бнеи Менаше“ (Синовите на Манасија) беа почестени за време на Празникот, додека за нив спасувачкиот 'Алијах' (враќање во Израел) добива на интензитет. За време на „Вечерта на израелските гости“ на овогодинешниот Празник на Сениците (организиран од ICEJ), салата исполнета со речиси 3.000 христијански поклоници од целиот свет стана на нозе во Ерусалим, за да им посака добредојде дома на луѓето кои биле

ICEJ MK
Nov 174 min read


Кибуцот Нир Оз очекува помош од христијаните за обнова
Автор: Дејвид Р. Парсонс, виш потпретседател и портпарол на ICEJ Во текот на изминатите три години, Меѓународната христијанска амбасада во Ерусалим (ICEJ) посветено работи на тоа да им помогне на израелските заедници долж границата со Газа да застанат на нозе и да ги обноват своите животи и домови, кои беа уништени за време на терористичкиот напад на 7 октомври. Досега, во западниот дел на Негев имаме реализирано или започнато девет големи проекти за обнова – што претставува

ICEJ MK
Nov 143 min read


Илјадници луѓе трчаат за надеж и сеќавање во Беери
од Џени Тулхок Беше рано наутро во петокот, на 16 октомври, кога петмина од нас, од Интернационалната христијанска амбасада во Ерусалим, тргнавме од главниот град кон кибуцот Беери за да учествуваме во првата „Трка на надежта“. Знаевме дека тоа ќе биде емотивен ден, но никој од нас не можеше целосно да претпостави што нè очекува. Околу 3.500 луѓе се собраа за да учествуваат во трки на четири различни должини. Атмосферата беше извонредна. Ова беше многу повеќе од спортски на

ICEJ MK
Nov 144 min read


Кфар Аза преминува од уништување кон обнова
од: Ник Хансен Кога првпат се вративме во Кфар Аза по масакрот на 7 октомври, голем дел од кибуцот изгледаше како да е замрзнат во моментот на нападот. Изгорените домови, дупките од куршуми и уништените населби ја раскажуваа приказната за она што се случило таму, додека повеќето жители живееја на други места, без изгледи за скоро враќање. Три години подоцна, пејзажот се менува. Низ Кфар Аза се одвиваат градежни работи – се поправаат или одново се градат домови и заеднички о

ICEJ MK
Nov 134 min read


Еврејскиот Идентитет на Исус
од: Питер Цукахира (на сликата) Извадок од поуката на Питер Цукахира на Празникот на сениците, организиран од ICEJ Новиот завет започнува со исклучително конкретна изјава за идентитетот на Исус: „Родословие на Исус Христос, син Давидов, син Авраамов“ (Матеј 1:1). Уште од првиот стих, нема никаква двосмисленост околу тоа кој е Исус. Тој е Месијата, Давидовиот син – од племето Јуда – и Авраамовиот син, таткото на еврејскиот народ. Апостол Павле го истакнува истото кога го прет

ICEJ MK
Oct 253 min read


Израел повторно гласа – а овојпат во прашање е многу повеќе од само „Биби“
од: Ник Хансен Ако живеете надвор од Израел и не ја следите внимателно израелската политика, голема е веројатноста дека знаете само за еден израелски политичар: Бенјамин Нетанјаху. „Биби“ е дел од израелскиот политички пејзаж толку долго, што понекогаш може да изгледа како израелската политика и Нетанјаху да се речиси едно исто. Тој првпат стана премиер во 1996 година, на функцијата остана три години, а потоа се врати во 2009 година и оттогаш доминира во политичкиот живот н

ICEJ MK
Oct 239 min read


Градење со камен или со спомени?
Од амбасадорот Џорџ Диик, специјален пратеник на Израел за христијанскиот свет, говорејќи на Празникот на Сениците. Замислете дека патувате 3.500 години наназад, во древниот Египет, пристигнувате во палатата на Рамзес II – фараонот од времето на Излезот – и застанувате пред него со една необична порака. „О, велики фараоне, доаѓаме од иднината и имаме добра и лоша вест. Добрата вест е дека еден од народите што денес живеат во твоето царство, ќе биде жив и здрав и по три и по

ICEJ MK
Oct 234 min read


„Празникот 2026“ Кулминира со Молитва, Исцелување и Славење во Земјата на Библијата
Последните денови од „Празникот на сениците 2026“ на ICEJ им овозможија на поклониците да доживеат некои од најдлабоките моменти и најсилни изрази на славење и молитва на овогодишниот собир – од моќното славење предводено од групата SOLU во Ерусалим, преку Светата причест во Градината на гробот, па сè до службата за исцелување на реката Јордан. Вторникот беше посветен на молитвата, продолжувајќи го еден од најсилните духовни акценти на овогодишниот Празник. Молитва за наци

ICEJ MK
Oct 33 min read


„Сеници 2026“ го Прославува Израел и ја Повикува Новата Генерација да Застане со Ерусалим
од Iтимот на Icej „Празникот на сениците“ (Feast of Tabernacles) во организација на ICEJ продолжи во Ерусалим со два извонредни дена што обединија библиски поуки, молитва, пријателство со Израел и моќен повик упатен до следната генерација. Под мотото „Господ рика од Сион“, уникатниот спој на библиски поуки и осврт кон актуелните случувања понуди свеж увид во она што Бог сака Неговиот народ да го разбере. Израел му се обрати на христијанскиот свет Неделата започна со славе

ICEJ MK
Oct 34 min read


Зошто го славиме Празникот на Сениците
Од Дејвид Р. Парсонс, виш потпретседател и портпарол на ICEJ „И ќе биде така што секој што ќе преостане од сите народи што дошле против Ерусалим, ќе доаѓа од година во година за да му се поклони на Царот, Господ над војските, и да го празнува Празникот на Сениците.“ — Захарија 14:16 Секоја година, почнувајќи од 1980 година, Меѓународната христијанска амбасада во Ерусалим организира христијанска прослава на Празникот на сениците во Ерусалим. Ова е радосен и живописен собир к

ICEJ MK
Oct 35 min read


Христијанските лидери го продлабочуваат разбирањето за Холокаустот и антисемитизмот
Од Рајан Цуен По неколкугодишна пауза поради пандемијата на Ковид и војната, „Јад Вашем“ неодамна повторно беше домаќин на Семинарот за христијански лидери, организиран – како и секогаш – во соработка со Меѓународната христијанска амбасада во Ерусалим. Оваа еднонеделна едукативна програма собра разновидна група христијански лидери, пастори, едукатори и активисти на сеопфатен семинар за Холокаустот и антисемитизмот, одржан во „Јад Вашем“ во Ерусалим. „Јад Вашем“ е водечки св

ICEJ MK
Oct 23 min read


Антисемитизмот и ционизмот во современ контекст
Од: Кристофер Кул [Резиме од неговата презентација на Самитот во Ерусалим] Првата тематска сесија на Самитот во Ерусалим беше посветена на борбата против антисемитизмот – вирус што поседува извонредна способност постојано да се преобликува. Кристофер Кул го опиша антисемитизмот како камелеон кој секогаш го обвинува еврејскиот народ за она од што општеството најмногу стравува, со цел да создаде жртвено јагне за подлабоките општествени фрустрации и вознемирености. Осврнувајќи с

ICEJ MK
Sep 133 min read


Честитка за Рош Хашана – 2026 година
Од д-р Јирген Билер, претседател на ICEJ Драги пријатели и верни партнери, Додека звукот на шофарот повторно го објавува доаѓањето на Рош Хашана, сакаме да ви упатиме најтопли честитки вам и на вашите најблиски, додека влегуваме во новата година според еврејскиот календар. Рош Хашана нè повикува да застанеме и да одвоиме миг за себе. Тоа е време да погледнеме наназад со благодарност, да погледнеме во себе со понизност и да гледаме напред со вера. Низ Израел и во еврејскит

ICEJ MK
Sep 121 min read


Господ реви од Сион: Божјиот избор за Израел се' уште важи!
Од Дејвид Р. Парсонс, виш потпретседател и портпарол на ICEJ Веќе речиси три години, Израел води одбранбена војна против радикалниот ирански режим и неговите терористички милиции-застапници низ целиот регион. Овој жесток конфликт сè уште тлее на повеќе фронтови и останува главно нерешен во поглед на тоа кој е победник, а кој поразен. Долготрајната цвеќиња на плажата Бонди по масакрот... војна што започна на 7 октомври предизвика и алармантен бран на антисемитизам ширум свето

ICEJ MK
Sep 128 min read


Соопштение за јавноста
ICEJ ги осудува европските дискриминаторски санкции против „еврејските населби“ Меѓународната христијанска амбасада во Ерусалим (ICEJ) остро ја осудува растечката политичка тенденција меѓу европските и другите западни нации за воведување дискриминаторски санкции со кои се издвојуваат Евреите и еврејските заедници поради тоа што живеат во нивната древна татковина – Ерусалим, Јудеја, Самарија и Голан. Исклучително загрижувачки е да се гледа како европските нации водат економс

ICEJ MK
Sep 123 min read


ICEJ донира засолниште од бомби за првиот цивилен хелиодром за слетување на медицински сестри во Ерусалим
Објавено на: 13.8.2026 Од Наоми Амон „Последниот пат кога бевме тука, немаше ништо, само земја. А сега поминуваме покрај хелиодром, простории за екипажот и засолниште од бомби“, забележа со смеа асистентката за помош на ICEJ, Џени Толхук. Стапивме на свежо обоената писта на новата база на „Хатзолах Ер“ во Ерусалим - првата цивилна база за слетување на медицински хелиодром во градот - за да отвориме засолниште од бомби кое сега ќе му овозможи да работи во време на вонредна со

ICEJ MK
Aug 223 min read


Нивниот сон се остварува: ICEJ враќа 128 француски Евреи дома во Израел
од Рајан Цуен Специјален лет на Алијах (враќањето на евреите во Израел се нарекува Алијах) слета на аеродромот Бен-Гурион во понеделник (6 јули), носејќи 128 нови еврејски имигранти од Франција кои пристигнаа со полни куфери и со уште пополни срца. Летот, спонзориран од Меѓународната христијанска амбасада во Ерусалим, претставува најнова пресвртница во извонредното, долгогодишно партнерство со Еврејската агенција за Израел, кое во текот на изминатите 16 години им помогна на и

ICEJ MK
Aug 225 min read


ВИСТИНАТА ЗА ИЗРАЕЛ И ХРИСТИЈАНСКИОТ ЦИОНИЗАМ
ICEJ USA Невидена кампања Израел во моментов се соочува со невидена кампања на делегитимизација. Движењето за бојкот, санкции и одземање на инвестиции (BDS) е на чело на заедничкиот напор на западните пропалестински активисти, радикалните синдикалисти, неомарксистичките групи, главните христијански деноминации за борба против перцепираната политичка пристрасност на САД кон Израел. IsraelAnswers.com е проект на американската филијала на Меѓународната христијанска амбасада во

ICEJ MK
Aug 222 min read


ЦАРОТ Е ВО ПОЛИЊАТА
од др. Јирген Билер, претседател на Icej Библиско значење на месецот Елул (5786) Месецот Елул е посебна сезона во еврејскиот календар, време кога еврејскиот народ почнува да ги подготвува своите срца за големите библиски празници што претстојат. Тоа е месец поврзан со приближување кон Бога, покајание, прошка и подготовка за средба со Него. Елул е поврзан и во еврејската традиција со зборовите од Песна над песните 6:3, „Јас сум на мојот возљубен, а мојот возљубен е мој.“ Т

ICEJ MK
Aug 226 min read


Библискиот календар и пророчката временска линија
Од Карен Енгл, главен уредник на ICEJ САД Потоа Бог рече: „Нека има светила на небесниот свод за да го делат денот од ноќта; и нека бидат за знаци и годишни времиња, и за денови и години; и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата“; и така стана. (Битие 1:14–15) Како што декември се ближи, многу луѓе со нетрпение ја очекуваат новата година, а со неа размислуваат за надежи и соништа за остварување на целите. Сепак, многу читатели на Библијата не с

ICEJ MK
Aug 17 min read
bottom of page
