top of page
Jerusalem - Tower of David19.JPG

За Нас

Македонскиот Огранок на Ицеј е невладина организација (НВО) посветена на поддршка на Израел. Нашиот тим е посветен да започне со досегнување и поврзување со потенцијални донатори, волонтери и членови на заедницата за оваа кауза.

Мисијата и повикот на Ицеј 

Откако беше лансирана во 1980 година, основачките лидери го дефинираа нејзиниот мандат да биде: - • Да се грижи и утеши еврејскиот народ според Исаија 40: 1: "Утеха, О утеши го мојот народ", вели твојот Бог. • Да се потсетат и да се поттикнат Христијаните ширум светот да се молат за Ерусалим и за земјата Израел. • Да биде центар каде што христијаните од целиот свет можат да увидат за она што се случува во Земјата. • Да се стимулираат пастири, цркви и христијански организации ширум светот за да постанат влијтелни во нивните земји во име на еврејскиот народ. • Да започне или да помогне на проекти насочени кон подобрување на благосостојбата на сите кои живеат во Израел, без оглед на расата, позадината или религијата. • Да се застапува за помирување помеѓу Арапите и Евреите Низ годините оваа мисија остана непроменета и го претставува овј траен и цврст повик на Ицеј. Но, со текот на годините, некои столбови во принципите на Ицеј, излегоа на површина како дополнување на основачките принципи: Ерусалим - е главен град на Израел. Оваа останува да е дипломатска работа, но ние ги охрабруваме народите да ја препознаат оваа вистина и да ги префрлат своите амбасади во Ерусалим. Алијах - враќање на евреите во земјата на нивните татковци. Ицеј активно учествува во овој процес, од спонзорирање летови до сместување и помош во Израел. Во овие времиња , преку три милиони евреи се вратени во Светата Земја Аид, Помош – Ицеј уште од почетокот ги досегна сите заедници во Израел, вклучувајќи ги евреите, арапите, христијаните, муслиманите, друзите и бедуините низ проекти на милосрдност и прикажување на љубовта на Бог кон нив. Сеници – прославата на Сеници е главниот годишен и Библиски настан кој Ицеј го организира во Израел. Илјадници христијани учествуваат во оваа прослава, во духот на словото во Захарија 14:16

Теолошката ДНК на Ицеј MK

Примарна Изјава на Вера: Интернационалната христијанска амбасада Ерусалим (ICEJ) е христијанска организација која верува во Библијата и која се потпира на првоначелните евангелистички убедувања. За овие веруваме дека се целосно во согласност со библиското откровение. Ние веруваме во: • Еден Бог кој се открива во три лица, татко, Син и Светиот Дух. • Божеството на Исус - Исус е целосен израз на Бога во телесна форма. Тој е целосно Бог и целосно човек. • Лицето и работата на Светиот Дух - тој им овозможува на верниците за сведоци во светот и затоа ги потврдува верните проповедање на Божјата реч со знаци и чуда и разни подароци на Духот. • Божествената инспирација на Писмото. Сето Писмо е вдахновено од Бога. • Завршената работа на Исус на крстот како единствена основа за спасение за сите луѓе, без разлика дали се Евреи или не-Евреи. Ова дело на спасение може да се прифати само со вера. • физичкото и видливото враќање на Исус на Маслиновата Гора. • дека локалната црква е библиско тело на Христос и дека сите верници во Исус треба да се најдат во една од нив. Во однос на Израел, ја одржуваме следната рамка на верувања: • Ние веруваме дека Библијата ги потврдува Божјиот уникатен и траен повик и избор на еврејскиот народ како инструмент за откуп на светот, кој сè уште е релевантен и активен денес во реставрацијата на Израел во нивните Античка татковина. • Ние веруваме дека оваа денешна реставрација на Израел е доказ за Божјата верност на неговиот вечен сојуз направен со Авраам. • Нашиот став и однос кон еврејскиот народ затоа е заснован на вечните завети Божји како што е опишано во Божјата Реч (Битие 12; 15 итн.) а не според пророштвата за последните времиња. • Ние препознаваме дека живееме во време и сезона на реставрација за Израел кој се одвиваше во изминатите 120 години и беше претскажан од многу библиски пророци (на пример, Езекиел 36: 22...). • Ние не ја прифаќаме идејата дека преку различни завети може да стигнеме до спасение. Ние веруваме дека има само еден начин да дојдеме до Бог, преку неговиот Син Исус Христос и Новиот Завет што го основал. • Ние нудиме поддршка на еврејскиот народ, без оглед на нивната духовна состојба (Римјаните 3:28). Сепак, го препознаваме значењето на локалното и растечкото тело на Месијата во Израел. • Ние ги почитуваме и ги нагласуваме хебрејските корени на нашата христијанска вера втемелена во Стариот Завет, дури и додека силно ги предупредуваме нееврејските христијани против применувањето на законот или верување во спасението од дела. • Ние стоиме бескомпромисно со Божествената судбина на еврејскиот народ, но ние исто така го признаваме единствениот и библискиот повик на арапските нации околу Израел, особено во неговиот план за спасение за сите народи кои живеат на Блискиот Исток. • Ние ги отфрламе сите форми на заменската теологија (суперсецесионизмот, теологијата на исполнување), вклучувајќи ги сите нијанси на Британскиот израелизам или доктрината на Ефрем.

Декларација за поддршка на Израел

Почитувани: Во име на Македонскиот Огранок на Интернационалната Христијанска Амбасада во Ерусалим, како Здружение на граѓани за поддршка на Израел, а поддржани од Христијански цркви и здруженија, верски организации и граѓани пријатели на Израел, ја иницираме следната објава: Врз основа на Библиските вистини и факти, кои секојдневно се потврдуваат и со денешните археолошки наоди, длабоко сме уверени дека Ерусалим бил, е и ќе биде главен град на Државата Израел. Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на Македонија, е признавање на основното и неприкосновено право за управување во внатрешните уредувања на една држава. За нас како држава Овој чин и практично ќе значи избор на вистинскиот пат и благослов за нашиот народ. Имајќи го признавањато на Ерусалим за главен град на Израел како клучна точка, уште ќе бидеме активни во објавувањето на вистинските состојби за и околу Државата Израел, делувајќи против дезинформираноста и неинформираноста, како и во молитвена, материјална и техничка поддршка на Израел и Еврејскиот народ, во рамките на нашите можности. Денес, во ова мноштво од гласови, нашиот глас се подига за да го избистри нашиот став и да го изгради одново нашиот однос со Израел. Од една страна зашто Бог јасно вели дека за овие работи ќе побара сметка од нас, а од друга страна, зашто Еврејскиот и Македонскиот народ живееја со векови не само како соседи, туку и како пријатели. Затоа, Ве молиме да погледнете на овие зборови со искрено разбирање, па одзивот да донесе плод и благослов за Израел, како што и ние бевме благословени од нив.

Flag_of_North_Macedonia.svg.png
bulgaria.jpg
images12_edited_edited.jpg
bottom of page