top of page
Search

Кибуцот Нир Оз очекува помош од христијаните за обнова

Writer: ICEJ MK
ICEJ MK
Nov 14
3 min read

Автор: Дејвид Р. Парсонс, виш потпретседател и портпарол на ICEJ
Автор: Дејвид Р. Парсонс, виш потпретседател и портпарол на ICEJ

Во текот на изминатите три години, Меѓународната христијанска амбасада во Ерусалим (ICEJ) посветено работи на тоа да им помогне на израелските заедници долж границата со Газа да застанат на нозе и да ги обноват своите животи и домови, кои беа уништени за време на терористичкиот напад на 7 октомври. Досега, во западниот дел на Негев имаме реализирано или започнато девет големи проекти за обнова – што претставува најобемниот градежен потфат што ICEJ некогаш го презела.

 

Сега, ICEJ има извонредна можност да го круниса ова уникатно наследство на христијанска љубов на дело, преку уште еден значаен проект за помош во кибуцот Нир Оз – заедницата која најтешко настрада во тој кобен ден. Раководството на Нир Оз побара помош од Христијанската амбасада за обнова на срцето на нивниот заеднички живот: нивната трпезарија и кујна, кои биле целосно опустошени.

празнина и опустошеност останати по 7ми Октомври
празнина и опустошеност останати по 7ми Октомври

Од сите израелски заедници долж границата со Газа кои беа ограбени и нападнати од терористи на 7 октомври, кибуцот Нир Оз претрпе најтешки последици во однос на уништените домови, како и изгубените или киднапираните животи. Ова мало земјоделско населено место, со околу 400 жители, беше целосно прегазено од повеќе од 500 терористи на Хамас, кои речиси седум часа непречено вршеа убиства и уништувања. Во текот на овој масакр, тие запалија речиси секој објект во кибуцот, убија 65 цивили и зедоа уште 80 луѓе како заложници – што претставува најголем број убиени и киднапирани жители во споредба со кое било друго израелско населено место тој ден.

 

Меѓу заложниците беа Шири Бибас и нејзините два мали сина, Ариел и Кфир – при што Кфир, со своите само 8 месеци, е најмладиот киднапиран – како и најстариот преживеан заложник, 80-годишниот Гади Мозес.

 

Преживеаните од масакрот во Нир Оз ги поминаа изминатите три години живеејќи како раселени лица во други делови на Израел, но многу од семејствата конечно се подготвени да започнат со враќање и повторно градење на своите животи. Она што претстои не е само обнова на изгорените домови, туку и воспоставување на целиот нивен заеднички начин на живот. Централно место во обновениот кибуц повторно ќе заземаат заедничката трпезарија и кујната. И токму тука можат да помогнат христијаните!

 

Обнова на срцето на Нир Оз

Во самиот центар на кибуцот се наоѓа големата трпезарија, која отсекогаш била срцето на нивниот заеднички живот. Кујната беше уништена, а трпезаријата претрпе сериозни оштетувања.

Опустошување на местата кои беа гостопримливи и среќни
Опустошување на местата кои беа гостопримливи и среќни

Ова посебно место некогаш било простор каде што се одржувале заеднички оброци, состаноци и прослави за целата заедница. Но, големата, претходно реновирана кујна била намерно уништена од терористи, а трпезаријата оставена во целосен хаос. Тие мора целосно да се обноват пред семејствата да можат да се вратат. Проектот, исто така, вклучува и изградба на големо јавно засолниште од бомбардирање во склоп на објектот.

 

Неверојатно, но членовите на кибуцот одлучија да соработуваат со „Христијанската амбасада“ (Christian Embassy) за да го обноват „срцето“ на нивната заедница. За нас ова претставува голема чест, како и одлична можност за христијаните да ја изразат својата грижа за народот на Израел. Предвидено е проектот да започне во пролетта 2027 година, а се надеваме дека ќе биде завршен следната година.

 

Нашата цел е да обезбедиме 2.000.000 евра (2.350.000 американски долари) за обнова на трпезаријата и кујната во Нир Оз. Вашиот прилог, без разлика дали е голем или мал, може да му помогне на Нир Оз да го обнови централното место за собирање на оваа заедница, која навистина го заслужува тоа.

 

Придружете ни се

Обновата на кујната и трпезаријата во Нир Оз значи многу повеќе од само поправка на еден објект. Станува збор за тоа на една длабоко потресена заедница да ѝ се овозможи простор каде што повторно ќе може да го почувствува значењето на заедништвото.

Надежта кон која цели Нир Оз
Надежта кон која цели Нир Оз

ICEJ го увери Нир Оз дека ќе застанеме покрај нив во овој витален проект за обнова, но ни е потребна вашата помош. Веруваме дека постојат многу христијани, како вас, кои ќе покажат солидарност и сочувство кон оваа тешко погодена израелска заедница, додека тие го започнуваат својот пат кон закрепнување.

 

Не смееме да ги изневериме преживеаните од Нир Оз. Ве молиме, размислете за давање великодушен прилог за да ни помогнете да ја обновиме нивната трпезарија и кујна. Донирајте денес во нашиот фонд „Израел во криза“ на:icejmk.org/donate

 
 
 

Comments


bottom of page