top of page
Search

Градење со камен или со спомени?

Writer: ICEJ MK
ICEJ MK
Oct 23
4 min read

Од амбасадорот Џорџ Диик, специјален пратеник на Израел за христијанскиот свет, говорејќи на Празникот на Сениците.
Од амбасадорот Џорџ Диик, специјален пратеник на Израел за христијанскиот свет, говорејќи на Празникот на Сениците.

Замислете дека патувате 3.500 години наназад, во древниот Египет, пристигнувате во палатата на Рамзес II – фараонот од времето на Излезот – и застанувате пред него со една необична порака.

 

„О, велики фараоне, доаѓаме од иднината и имаме добра и лоша вест. Добрата вест е дека еден од народите што денес живеат во твоето царство, ќе биде жив и здрав и по три и пол илјади години од сега. Лошата вест е дека тоа нема да биде твојот народ.“ 


Амбасадорот Џорџ Диик зборува на Празникот Сеници
Амбасадорот Џорџ Диик зборува на Празникот Сеници

Ова беше интригантното 

сценарио што го претстави израелскиот амбасадор Џорџ Диик на настанот „Празник на Сениците 2026“ (Feast of Tabernacles), организиран од ICEJ во Ерусалим. Тој разгледа едно  извонредно значајно прашање од 

историјата: Како еврејскиот народ успеал да опстане илјадници години, додека толку многу моќни цивилизации исчезнале?

 

Египетскиот фараон веројатно би помислил дека таквото предвидување е лудост. Египет бил суперсила чии војски доминирале во регионот, чии кралеви располагале со незамисливо богатство и чија цивилизација создала величествени споменици. Храмовите, статуите и пирамидите во Луксор, Карнак и Абу Симбел стојат и денес, илјадници години подоцна.

 

Затоа, Рамзес би можел да праша: „Ако не Египет, тогаш кој?“ Замислете да го однесете фараонот на балконот од неговата палата и да му покажете кон луѓето што носат тули – хебрејските робови – а потоа да му го дадете изненадувачкиот одговор: „Тие“.

 

Египет поседувал сè што се чинело неопходно за бесмртност: моќ, богатство, војски и архитектура. Израелците немале речиси ништо. Немале држава, немале војска и немале земја. Сепак, Египет станал една од големите цивилизации во историјата, додека синовите на Израел станале една од големите, трајни цивилизации.

 

Споменици од камен и сеќавање

 

За да го објасни овој контраст, Дик се повика на размислувањето на покојниот рабин Џонатан Сакс, кој истакнал дека Египет и Израел понудиле два различни одговора на истото прашање: Како еден народ може да живее вечно?

 

Одговорот на Египет бил да се изгради нешто толку огромно што никој никогаш не би можел да го заборави: пирамиди, храмови и статуи. Израел имал поинаков одговор: Градете луѓе, градете семејства и градете заедници. Пренесувајте го сеќавањето од родителите на децата, поучувајќи ја секоја генерација за тоа кои се тие, од каде доаѓаат, која е нивната цел овде и како треба да живеат.

 

„Пред Израел да стане народ од војници, земјоделци, кралеви или државници, тој станал народ од учители“, објасни Дик, сугерирајќи дека ова можеби е една од големите тајни за опстанокот на Евреите.

„Египќаните граделе споменици од камен. Еврејскиот народ градел споменици на сеќавањето.“

 

Спомениците на Египет сè уште стојат, но цивилизацијата што ги изградила – ја нема. Големите материјални споменици на Израел, вклучувајќи ги и двата Храма во Ерусалим, биле уништени пред многу векови. Сепак, еврејскиот народ е сè уште тука, пренесувајќи го споменот за Излезот од една генерација на друга.

 

Сеќавањето може да премине пустини, да преживее прогонства и гета, па дури и да опстане по уништувањето на Ерусалим. Две илјади години, еврејските родители ги учеле своите деца да велат: „Следната година во Ерусалим“, чувајќи надеж која ги надживеала империите што владееле со нив.

 

„А вечерва, пријатели мои, ние стоиме во Ерусалим. Сонот опстана. Народот опстана. И Државата Израел живее.“

 

Кревката сука*

 

Сепак, опстанокот на Евреите никогаш не бил лесен. Низ вековите се ределе прогонства, масакри, гета, инквизиции, погроми и Холокаустот. Потоа, на 7 октомври 2023 година, историјата повторно затропа на вратата на Израел. Тоа утро, Израелците сведочеа на сцени за кои верувале дека припаѓаат на некое друго време: семејства што се кријат од убијци, заедници прегазени од насилство и родители кои очајнички се обидуваат да ги спасат своите деца.

 

7 октомври ги потсети Израелците дека еден дом може да биде цврст, а сепак ранлив.

 

За Дик, ова му дава посебно значење на празникот Сукот. Суках  е необичен национален симбол. Таа не е ниту тврдина, ниту палата. Ѕидовите ѝ се тенки, а покривот им овозможува на оние внатре да го гледаат небото. Таа е намерно кревка. Сепак, еднаш годишно, еврејските семејства ја напуштаат сигурноста на своите трајни домови за да влезат во овие привремени градби. Зошто?


Суки за Сукот
Суки за Сукот

Еврејската историја нуди одговор: безбедноста не доаѓа само од ѕидовите. Еврејскиот народ и претходно имал ѕидови, но тие паднале. Имал и кралства, но тие исчезнале. Искусил моменти кога верувал дека опасноста поминала, само за да сфати дека тоа не е така.

 

Суката нè учи дека тајниот извор на сила е нешто што ниту еден непријател не може да го уништи: верата, сеќавањето и надежта. Оваа издржливост му овозможила на еврејскиот народ да не дозволи да биде дефиниран преку своите трагедии. Тоа е народ кој ги погребува своите мртви, ги враќа своите луѓе дома, ја брани својата земја, а потоа повторно гради.

 

Порака до народите

 

Обраќајќи им се на христијанските поклоници собрани во Ерусалим, Дик им се заблагодари што застанаа покрај Израел и ги охрабри со себе дома да понесат дел од Ерусалим. „Кажете ја вистината за оваа земја. Спротивставете ѝ се на омразата. И помогнете ни да ја изградиме иднината за која генерациите пред нас можеа само да сонуваат.“

Аџиите на празникот ги истакнуваат знамињата на своите нации вечерта кога беше пренесена пораката на амбасадорот Диик
Аџиите на празникот ги истакнуваат знамињата на своите нации вечерта кога беше пренесена пораката на амбасадорот Диик

Враќајќи се на својота прва слика, Диик ја потсети публиката дека пред 3.500 години, фараонот можел да погледне надолу од својата палата кон нацијата на робови и никогаш да не замисли таков собир во Ерусалим. Сепак, тука беа, славејќи го опстанокот на народот чиишто најголеми споменици не беа изградени од камен, туку сочувани низ генерациите на сеќавање.

 

„Жив е народот на Израел, живее Ерусалим, дојдоа народите, а Шаторот сè уште стои.

 




*Сука или суках, е колибката (Сеница, Шатор) која по заповедта Божја израелците ја градат за време на Празникот на Сениците (Сукот, Шатори)

 
 
 

Comments


bottom of page