top of page
Search

Молитвена Иницијатива - Фестивалот Сеници во Израел

  • ICEJ MK
  • Feb 14
  • 2 min read

Updated: Apr 2


ree

Молитвена Иницијатива - Сеници

Библискиот празник СЕНИЦИ (Шатори, Колибки) е единствен и според карактерот и според значењето. Тоа е време од осум дена предозначено од Бог, кога помеѓу сите грижи од овој свет, се завртуваме кон Него, она што Тој го направи и она што доаѓа. Во голема мера, карактерот на Сеници ги обединува народите од целиот свет во Израел и во Светиот Град - Ерусалим, како што Бог им заповеда и на евреите да ни укажат добредојде и на незнабожците да се придружат на избраниот Негов народ. Овој фестивал е најзначајниот предвесник на Царството Божјо. Секако дека можеме да направиме споредба меѓу Пасха и Велигден, или Божиќ и Ханука, но Сеници останува единствен. Најчесто се одвива во или околу Октомври секоја година. (Повеќе за Празникот Сеници - Сукот на линкот.

Македонското знаме веќе трипати беше присутно на Сеници во Ерусалим, но сакаме да видиме мнозина од Македонија кои ќе ја искусат оваа извонредна радост. Затоа, ја покренуваме оваа молитва, со вера дека Господ може да ги отвори вратите и таму каде ние можеби не можеме...

Библискиот празник СЕНИЦИ (Шатори, Колибки) е единствен и според карактерот и според значењето. Најчесто се одвива во или околу Октомври секоја година. Македонското знаме веќе трипати беше присутно на Сеници во Ерусалим, но сакаме да видиме мнозина од Македонија кои ќе ја искусат оваа извонредна радост. Затоа, ја покренуваме оваа молитва, со вера дека Господ може да ги отвори вратите и таму каде ние можеби не можеме.



Оваа иницијатива има и практичен карактер, а тоа значи дека би можеле да учествувате на неколку начини:

  1. Со вашата молитва

  2. Со намера да учествувате во групата која ќе оди во Израел за Сеници (ова секако подразбира и да се молите и да одвоите средства за турата, или да побарате помош)

  3. Можете да помогнете со вашата донација за групата која патува


За вашето учество во иницијативата ве молиме известете не на мејлот icejmacedonia@gmail.com

Тимот на Ицеј.мк


 
 
 

Comments


bottom of page