top of page
Search

ИЗРАЕЛ И АНТИСЕМИТИЗМОТ

  • ICEJ MK
  • Mar 29
  • 5 min read

Updated: Sep 9


Гетсеманската Градина
Гетсеманската Градина

Израел


За сите кои го читаат и примаат Божјото Слово, неминовно е во одреден момент да се сретнат и поблиску со еден од најчесто употребуваните зборови во него - Израел. Тогаш, на површината излегуваат повеќе прашања, на пример: зошто Израел?

Наједноставниот одговор на ова прашање е: Зашто Бог така избра! 


Нели и нас не избра, секого посебно, и нели Тој ја покажува својата верност и денес кон Израел?


Тогаш, за што го избра Израел? 


За да го донесе Месијата на овој свет, Спасителот Кој го остварува Неговиот совршен план за спасение на човештвото, Самиот Божји Син и Бог, Божји Збор. 


Па дали Бог ги љуби повеќе од нас? 


Тука не е во прашање на љубов, зашто во Бога има изобилство од љубов за сите подеднакво, туку е прашање на улогата која ја има избраниот народ во Божјиот план, а оваа улога не е лесна. Помислете си само низ какви се маки, прогони, погроми, изгонувања, насилие, убиства, истребување, минаа евреите низ 2000 години, само затоа што се евреи. А сето тоа кулминираше со Холокаустот. Потоа “Никогаш Повеќе“ се случи пак на 7ми Октомври 2023г. 


Сепак, има една разлика од периодот по втората светска војна, Холокаустот и денешницата. Тогаш, светот го препозна Холокаустот, го осуди, и во голема мера се покаја. Денес, имаме голем дел од светската популација кои го осудуваат Израел, (на чело со ОН), па и такви кои отворено застануваат на страната на непријателите на Израел. Ова се случува после 7ми Октомври, каде духот кој го движи  Хамас,  се прикажа отворено во својата природа, како безмилосен убиец.

   

Така, во оваа улога која и беше доделена на Израел, од една страна беа и се благословени -  за да го споделат тој благослов, а од друга страна, претрпеа големи маки. 


Сепак, за да можеме да го дефинираме нашиот однос кон Израелскиот народ, потребно е да споменеме дека низ вековите, Евреите најчесто страдале од страна на христијаните, вклучувајќи го и холокаустот. Имајќи го ова на ум, верувам дека нашиот однос кон евреите треба да е во знак на почитување, на пример, како што ги почитуваме нашите повозрасни роднини. Секако и со благодарност за духовните благослови и наследство.


Антисемитизам

претстава на евреите од страна на наци пропагандата пред II С.В.
претстава на евреите од страна на наци пропагандата пред II С.В.

Терминот антисемитизам,  повеќе би го употребил да означи омраза кон се што е еврејско, отколку само како противење кон Евреите.  За мене е неизбежно во овој случај да се завртам кон Библијата:

 Тогаш Господ му рече на Каин: „Зошто се лутиш? Зошто се помрачи лицето твое? Зарем, кога правиш добро, не си ли ведар во лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата; тој те влече кон себе, но ти надвладај го!“ Созд. 4:6-8 


Иако по Холокаустот рековме “Никогаш Повеќе“, денес антисемитизмот е во пораст. Сега и многу пошироко одошто порано, со еден збор, скоро насекаде. Медиумската кампања против Израел зема замав и може на лукав начин да ги заведе луѓето кои не се упатени во ситуацијата за и околу Израел. 


Вистина, дневните вести повеќе се занимаваат со ситуациите околу Израел одошто било кој друг дел од светот. Ретки се медиумите кои верно би ја прикажале ситуацијата, а често она што се прикажува е во некој дел точно, а во некој не. Па така, не е лесно  да се види каква е ситуацијата навистина. Во денешницата,  секако дека во случајов воглавно зборуваме за ткн.


Палестина, наспроти Државата Израел. Ако погледнеме наназад, јасно е дека појасот Газа претставува директна закана за Израел. Па сепак, тие пред дваесетина години заминаа од таму, и ги оставија Палестинците кажи-речи да имаат своја држава. Знам за многу случаи во кој Израел им подаде рака, која во најголем број случаи беше одбиена. Но, ако имате територија со која владеете барем две децении, а со одредена намера зависите од соседот за вода и струја, тоа е друга приказна. 


Па така, добро е да се  навлезе во мотивите на двете страни. 


Мотивот на Израел е одбранбен. Како една од ретките демократии на Блискиот Исток,  тие едноставно се бранат. Вистина, се бранат и офанзивно, но во овие 77 години од постоењето на Д. Израел, беа напаѓани многупати, од сите страни, дури без престан, па и внатре во Израел, со терористички напади. И 7ми Октомври 2023г.  Би рекол, нема многу држави со трпение како Израел…


Ако го  побараме мотивот на другата страна, не е тешко да го видиме: целосно и бескомромисно уништување на Израел. Тоа и значи изреката “From the river to the sea…”.  Или изјавата на една палестинска мајка дека:“ раѓа деца за да умрат во борбата против Израел“. Уште во 50-тите години од минатот век, Голда Мејер, премиер на Израел, ќе каже: “Ќе имаме мир кога тие ќе ги сакаат своите деца повеќе одошто не мразат нас“. 

  

Така, тие  ја имаат поддршката од многумина кои го мразат Израел. И се обидуваат да добијат наклоност од целиот свет, прикажувајќи го Израел како виновен за се. 

Интересно е што неутралноста во овој случај е исклучена. Можеби некој би сакал да остане неутрален, не судејќи никого, но тоа навистина е потешко дури и од тоа да се завземе страна…


Религиски Антисемитизам 

претстава на антисемитизам во средновековна Шпанија
претстава на антисемитизам во средновековна Шпанија

Кажаното досега во однос на антисемитизмот  начелно се однесуваше на исламскиот радикализам, кој во својата основа е религиски. 


“Ќе ве исклучуваат од синагогите. Па уште и ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба.“ Јован 16:2


Но, има уште една одредница каде опстои религискиот антисемитизам - Црквата. 


Трите главни теолози на трите најголеми Црковни деноминации, се познати по своите антисемитски списи. Св. Августин, во католичката, св. Јован Златоуст во православната и Мартин Лутер во протестантската. Верувам дека за сите овие можете да најдете сведоштва онлајн, доколку ве интересираат како четива, иако сметам дека повеќето од нив не доликуваат на Божји луѓе. 


 Така, по настапувањето на  времето на незнабожците т.е. некое време по формирањето на Црквата, па до денес - кога Бог веќе Го врти Своето лице кон Израел - се слуша гласот дека Бог го отфрлил својот народ и дека Црквата е “Израел“. Ова е воглавно познато како “Теорија на Замена“ (Replacement Theology, Supersessionism…)


Ова учење и дава предност на Црквата пред Израел, иако св. Павле јасно ни пишува на оваа тема во посланието за Римјаните.(Рим. 2:9,10; 11гл.) Низ времето, ова учење презема разни форми и имиња, но во самата суштина останува исто.  


Така, и третманот на Стариот и Новиот Завет постанува различен, во “корист“ на Новиот. Во Матеј 13:52, Исус ни зборува за континуитетот и еднозначноста на сиот Божји Збор. И Божјите ветувања дадени на Израел, според оваа теорија, важат само за Црквата. Овие ветувања, се секако темелот на христијанската поддршка на Израел.


Така, овој став на голем дел од христијанството, пресудата дека Бог го отфрли Својот народ, низ историјата  ќе донесе директни прогони, осуда и смрт за Евреите - како Инквизицијата во средниот век во Шпанија - и подоцна посредно во Холокаустот. 


Тие не постапија така со нас. Дела (15:1-35)


                                                                                          Тимот на ICEJ MK




 
 
 

Comments


bottom of page