Држете се цврсто до Еврејскиот Исус
- ICEJ MK
- Feb 1
- 3 min read
Updated: Apr 2

Второто послание на Јован не е само една од најкратките книги во Библијата, туку и една од најзанемарените. Повеќето од 2 Јован е од поздравна природа и само неколку стихови даваат кратки доктринарни опомени и охрабрувања. Сепак, една од овие кратки изјави го привлече моето внимание во последно време.
„Зашто во светот излегоа многу измамници кои не признаваат дека Исус Христос доаѓа во тело. Таков човек е измамник и антихрист“. (2. Јованово 1:7)
Повеќето коментари се согласуваат дека овој стих се однесува на ново движење во Црквата наречено гностицизам, чие влијание сè уште се чувствува денес. Гностицизмот беше школа на мистичко размислување под грчко влијание. Едно од нивните учења сметало дека Исус е само духовно суштество кое не може да умре на Крстот. Овој став го нападна главниот стожер на верата за раната Црква. Крстот е централен за Евангелието, исто како што рекол Павле: „Зашто решив да не знам ништо меѓу вас освен Исус Христос и Него распнатиот“. (1. Коринтјаните 2:2) Значи, јасно е зошто апостол Јован гледал на потребата да се соочи со оваа погрешна доктрина како антихристов дух.
Друг тек на гностицизмот верувал дека Богот од Стариот завет не е ист како и љубезниот Бог што го открил Исус. Богот на Израел беше наречен Демиург и беше прикажан како зол, суров Бог, кој потоа беше совладан од помоќниот и пољубезен Дух-Бог наречен Исус. Последователно, Стариот завет бил отфрлен и тоа ја отворило вратата за силна антиеврејска прикриена струја меѓу многу рани верници.
Ваквите гностички учења станале привлечни за не-Евреите, бидејќи Исус како духовно битие одеднаш веќе не бил роден од еврејска девица од Домот на Давид. Неговата еврејска лоза опишана во Лука и Матеј станала ирелевантна. Многу нееврејски верници претпочитале нееврејски Исус. Павле дури предупредил во Римјаните 11 дека некои Христови следбеници веќе станале арогантни против своите еврејски корени.
Во оваа точка, вреди да се забележи дека посланијата на Јован се меѓу последните дополнувања на Новиот завет, напишани кон крајот на првиот век. Пред тоа, повеќето од учителите и апостолите во Црквата биле Евреи. Но, како што се ширеше Евангелието и се додаваа уште многу не-Евреи, Црквата драматично се промени во меѓународно движење кое стигна до секоја провинција на Римската империја, каде што Евреите често беа омразено малцинство.
Така, новата ерес на гностицизмот најде плодна почва. Во третото послание на Јован, читаме дека еврејските „браќа“ повеќе не биле добредојдени во таа конкретна црква (3 Јован 1:5-7, 10). Дури и самиот апостол Јован веќе не бил добредојден (3. Јованово 1:9). Човек се прашува зошто? Дали беше премногу Евреин?
Апостол Јован беше јасен дека оваа “нова идеја“ не може да се толерира во Црквата. Ова тој го нарече дух на антихристот, кој може да ги наведе христијаните “да ја загубат полната награда“ (2Јован 1-8).
Причината за која го пишувам ова е зашто го забележувам денеска во многу црковни кругови. Се сеќавам дека еднаш зборував во една црква во Германија каде што еден брат ми се пожали после тоа дека го нареков Исус еврејски Месија. Според него, Исус се откажал од своето еврејско потекло по Воскресението и сега е на небото како „универзален брат на човештвото“. Но, книгата Откровение е јасна дека дури и на небото Христос останува „Лавот од племето Јудино“ (Откровение 5:5) и „Коренот и Давидовото потомство“. (Откровение 22:16)
Ова е исклучително релевантно денес! Истакнат библиски учител во Америка ги повикува верниците да се „откачат“ од Стариот завет. Тој тврди дека Богот од Стариот Завет не може да се помири со Богот и Таткото на нашиот Господ Исус. Исто така, размислете дека папата Фрањо неодамна ја инаугурираше сцената на Христовото раѓање со бебето Исус легнат на црно-бел кефије - симбол на палестинскиот национализам - со што му дава доверба на измислениот мит за „палестинскиот Исус“.
Значи, истиот измамнички дух на антихристот е сè уште жив денес, негирајќи дека Исус дошол во еврејско тело. Апостол Јован имал јасно предупредување до Црквата: „Внимавајте да не ја изгубите наградата!“ (2. Јованово 1:8) Да внимаваме и да го прифатиме целосниот совет од Светото писмо. Исус, вечното Слово стана тело - еврејско тело - и се насели меѓу нас (Јован 1:14). Каква слава ги чека оние што цврсто се држат за овој неверојатен „Лав од племето на Јуда“.




Comments