БЛАГОРОДНАТА ИСТОРИЈА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЦИОНИЗАМ
- ICEJ MK
- Mar 28
- 3 min read
Updated: Apr 2

Теодор Херцл -основачот на ционистичкото движење
од др. Јирген Билер претседател на ICEJ
Христијанската поддршка за Израел не е нова појава, таа е стара колку и самата Црква. Новиот завет ни кажува како новите нееврејски цркви во Грција, Мала Азија и Рим добиле специфични упатства да ги благословуваат своите еврејски браќа. Апостол Павле ѝ дава моќна мотивација на римската црква образложува зошто христијаните треба да го поддржуваат Израел. „Зашто, ако незнабошците учествуваа во духовните благослови на Евреите, тие им должат на Евреите да ги споделат со нив нивните материјални благослови“. (Римјаните 15:27)
Во многу од неговите писма и каде и да одел, Павле ги советувал светителите никогаш да не заборават да ги вратат благословите што ги добиле од Евреите. На ова посветува цело поглавје во II Коринтјаните и ја спомнува оваа практика во црквите во Ахаја, Македонија, Грција и Рим.

Затоа, не е изненадување што многу движења за преродба, и пред и по реформацијата, ги разбраа еврејските корени на нивната вера и почувствуваа срдечна приврзаност кон Евреите, сакајќи да ги благословат, па дури и да ја предвидат идната обнова на Израел како нација.Низ вековите, таквите рани „будења“ како што се француските Валдезе, Хугенотите, германскиот пиетизам или британските пуритани биле обединети во нивната љубов кон избраниот народ. Ова, се разбира, беше во спротивност со учењата за замена и антисемитските чувства распространети во повеќето воспоставени цркви, и затоа овие нови филосемитски текови често се соочуваа со жестоко противење. Некои дури мораа да платат со живот. Во 1587 година, еден човек по име Френсис Кет бил запален жив затоа што го изразил своето верување дека Библијата го пророкувала враќањето на Евреите во нивната земја.
Но, учењето за Божјата верност на физичкиот Израел остана светла точка во многу протестантски кругови. Во 1607 година, Томас Брајтман изјавил во својата книга „Откровение на Откровението“ дека враќањето на Евреите во Израел сосема сигурно, бидејќи „пророците насекаде го потврдуваат тоа“.

Основачот на Методистичката црква, Џон Весли, еден век подоцна пишува: „Толку многу пророштва се однесуваат на овој грандиозен настан (за обновата на Израел и враќањето на Евреите), што е изненадувачки што било кој христијанин може да се сомнева во него. А тиа се во голема мера потврдени со прекрасното зачувување на Евреите како посебен народ до ден-денес. Кога ќе се оствари,ќе биде демонстрација на сила и откровение...“
Англискиот теолог Чарлс Х. Сперџон изјавил во неделната проповед во 1855 година дека: „Мислам дека не му придаваме доволно значење на обновувањето на Евреите. Не мислиме доволно на тоа. Но, секако, ако нешто е ветено во Библијата, тоа е ова. Мислам дека не можете да ја прочитате Библијата без јасно да видите дека наскоро ќе дојде среќниот ден на Израел“.
Затоа, не е изненадувачки што од подемот на ционистичкото движење меѓу Евреите кон крајот на 19 век, побожните христијани застанаа покрај еврејскиот народ за да помогнат и да го поддржат нивното повторно воспоставување во Ерец Израел. Свештеникот Вилијам Хехлер, лордот Артур Џејмс Балфур и полковникот Орде Чарлс Вингејт се само неколку примери на христијански служители, политичари и мажи во униформи кои бескомпромисно стоеја покрај еврејскиот народ во годините пред и по современото повторно раѓање на Државата Израел. Тие не беа само пријатели на Евреите, туку целосни партнери во исполнувањето на Неговите вечни ветувања за повторно собирање на својот сакан народ.
Затоа, христијанскиот ционизам не е нов тек, ниту пак учиме некоја нова доктрина, туку одиме по стапките на древна и благородна традиција. Вкоренети во ова протестантско и евангелско наследство, ICEJ ја извршува својата служба за утеха на еврејскиот народ повеќе од 40 години. Ве покануваме да се придружите на нашите напори денес!




Comments