top of page
Search

ICEJ ПОВТОРНО ГО ГРАДИ МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР ВО КИБУЦОТ БЕЕРИ

  • ICEJ MK
  • May 18
  • 3 min read

Updated: May 21


ree

Христијанската амбасада инвестира над 5 милиони долари во обнова на граничните заедници во Газа

Од Дејвид Парсонс, виш потпретседател и портпарол на ICEJ


Нападот врз кибуцот Бе’ери остави 132 жители убиени или киднапирани, вклучувајќи 51 постар човек, а над 120 домови и клучни објекти во заедницата беа уништени. Оригиналниот младински центар го користеле терористите како команден пункт и морал да биде срамнет со земја.

Како одговор, ICEJ се обврза да го обнови центарот од темел.


Специјална делегација од над 50 глобални христијански лидери од Интернационалната Христијанска Амбасада во Ерусалим ги обиколи граничните заедници во Газа во вторник и одржа церемонија по повод поставувањето камен-темелник со претставници од кибуцот Бе’ери за целосно обнова на нивниот центар за младински активности уништен за време на масакрот на 7 октомври.
Специјална делегација од над 50 глобални христијански лидери од Интернационалната Христијанска Амбасада во Ерусалим ги обиколи граничните заедници во Газа во вторник и одржа церемонија по повод поставувањето камен-темелник со претставници од кибуцот Бе’ери за целосно обнова на нивниот центар за младински активности уништен за време на масакрот на 7 октомври.

Откако ќе биде завршен, ќе им служи на локалните деца со оброци, поддршка за домашна работа, програми за збогатување и кампови за одмор - нудејќи им многу потребна грижа и стабилност додека семејствата се враќаат и ги обновуваат своите животи.Додека погодените израелски заедници долж границата со Газа полека почнуваат да се обновуваат, Христијанската амбасада финансира серија големи градежни проекти кои ќе им помогнат на овие заедници да се опорават и да ги вратат евакуираните семејства во своите домови.

ree

Листата на тековни проекти на ICEJ вклучува:


* Обнова на уништениот центар за младински активности во кибуцот Бе’ери;


* Пренамена на дом за стари лица во центар за нега и активности на стари лица во кибуцот Бе’ери;


* Реновирање на оштетена градинка за да служи како центар за траума за деца во Кфар Аза;


* Претворање на напуштена зграда во иновативен центар за музичка терапија во Кфар Аза;


* Реставрација и проширување на зоолошка градина за милување животни во кибуцот Урим;


* Изградба на нова училница во стаклена градина во земјоделско техничко училиште во Сде Ницан и


* Изградба на три големи засолништа од бомби за нов центар за траума на кампусот на колеџот Сапир.

Уништен дом во кој беше убиен пар за време на нападот на 7 октомври.
Уништен дом во кој беше убиен пар за време на нападот на 7 октомври.

Вкупните трошоци за овие градежни проекти ќе достигнат над 5 милиони американски долари. Овие средства се собираат од христијани од целиот свет кои сакаат да им помогнат на овие земјоделски села да ги вратат своите домови и животи.


Многу од евакуираните семејства доживеале трауматски настани во своите домови, а тие морничави спомени нема да бидат лесни за надминување. Еден клуч за процесот на обнова ќе биде да се понуди широк спектар на активности и услуги во заедницата што ќе го направат животот назад во нивните села попривлечен. Израелската влада воспостави посебен фонд за да помогне во обновата на домовите на погодените, но секоја заедница сега мора да ги пронајде потребните ресурси за да помогне во обновата на нивните јавни згради во заедницата.


Во текот на изминатите 15 години, Христијанската амбасада веќе им помогна на многу од овие села во Западен Негев со повеќе од 160 мобилни засолништа од бомби, десетици противпожарни возила и друга итна помош. Ова изгради однос на доверба помеѓу овие израелски заедници и ICEJ.


„Ова е најамбициозната серија градежни проекти што Христијанската амбасада некогаш ја презела во кое било време и претставува навистина единствена можност за нашите христијански поддржувачи низ целиот свет да имаат навремено, опипливо влијание овде“, рече претседателот на ICEJ, д-р Јирген Билер.


„Веќе инвестиравме многу во овие погранични заедници во последните децении, во однос на преносни засолништа од бомби и опрема за гаснење пожар. Но, сега тие имаат потреба од нас повеќе од кога било и ние сме решени да застанеме со нив во обновата на нивниот заеднички живот. Особено се стремиме да обезбедиме установи за нега на траума и да ги задоволиме посебните потреби на најранливите - децата и старите лица“, додаде Билер.



Ние во ICEJMK, порано ја презентиравме иницијативата за приклучување кон проектот за обнова на Кибуцот Бе'ери, и веќе испративме скромен придонес. Се надеваме дека во следната прилика ќе можеме и повеќе, за што ни е потребна вашата помош. (Насловната фотографија на овој напис, е инспирирана од две фотографии кои прикажуваат два часовника на кои времето застана во моментот на катастрофата: првиот од обгорен дом во Бе'ери, вториот од Скопскиот земјотрес...)




 
 
 

Comments


bottom of page