top of page
Search

Царството Божјо и војната во Газа

  • ICEJ MK
  • Sep 12
  • 3 min read

Updated: Oct 23

ree

Од: Проф. Џералд Мекдермот


Божјето Царство е од централно значење и за Евреите и за христијаните. Големиот еврејски филозоф Мајкл Вишогрод учел дека сликата број еден за Бога во хебрејската Библија е Бог како Цар. Истото, би можеле да се каже, е и во учењата на Исус, дека Божјето Царство е апсолутно врховно. Омилен метод на учење на Исус бил со параболи, а тема број еден на овие параболи било Божјето Царство.


И протестантите и католиците се во искушение погрешно да го разберат Царството. Протестантите се во искушение да мислат дека Царството е само внатрешно и невидливо, во срцето. Сепак, во Евангелијата и во Дела Апостолски, Царството станува доста видливо. Римјаните се плашеле дека движењето на Исус е надворешна закана. Тие знаеле дека ако Богот на Израел е Цар, што го проповедале апостолите, тогаш Цезар не е. Значи, Римјаните го прогонувале движењето на Исус на видливи начини.


Католичкото искушение е да се мисли дека Царството веќе пристигнало во Црквата и дека не треба да се очекува ништо повеќе. Сè е готово. Но, ако е така, зошто Исус им рекол на своите ученици постојано да повторуваат во молитвата „Да дојде царството Твое!“, како сè уште да не дошло целосно?


Библиската порака е дека Царството е сега затоа што Исус, како пратеник на Царството, дошол еднаш. Но, тој ќе дојде повторно за поцелосно да го воспостави Царството. Значи, Царството е сега, а сè уште не. И двете!


А сега, што е со Израел? Исус зборува за обновата на Израел во Дела 1:6 и на други места. Сè повеќе научници сфаќаат дека не можете да го разберете Исусовиот поглед на Божјето Царство без да го разберете неговото очекување за обнова на Израел.


Во Лука 21, Исус предвидува дека еден ден Ерусалим повеќе нема да биде газен од незнабошците, и ова ќе го започне крајот на Времињата на незнабошците. Сега „газење“ е технички термин за политичка и воена контрола. Кога се случи тоа? Кога израелските падобранци го зазедоа источен Ерусалим во 1967 година.


Треба да ја разбереме и хебрејската Библија и учењето на Исус дека Бог се однесува кон народите како кон народи, а не само кон поединци. Второ, Бог ги суди народите според тоа како се однесуваат кон еврејскиот народ и Израел. И трето, кон крајот на деновите, народите ќе се свртат против Израел и неговиот народ. Светото писмо, исто така, сугерира дека обновата на Израел е дел од првите плодови на исцелувањето на народите, конкретно споменато на крајот од Книгата Откровение како дел од иднината.


Па, што е со војната во Газа? Не треба да бидеме шокирани од дивјаштвото и злото на Хамас. Она што го видовме на 7 октомври беше видео во боја за омразата на Сатана кон Божјиот избран народ, Евреите.


Дали Исус би ја поддржал војната во Газа? Многу христијани од пацифистичката традиција, анабаптистичката традиција, би рекле не, дека тој бил против секое крвопролевање и убивање. Па, јас не се согласувам. Ги почитувам, но би рекол дека Исус ни кажува да ги сакаме нашите непријатели и да го мразиме злото што тие го претставуваат.


Исус бил Евреин, а Хебрејската Библија, чие секое писмо го инспирирал Исус, учи дека стравот од Господ е омраза кон злото. Павле го цитира тоа во Римјаните 12:9. Самиот Исус го мразел злото. Во Откровение 2:6, Исус ја фали црквата во Ефес за тоа што ги мрази делата на николаитите, „кои и јас ги мразам“.


Исус не е пацифист. Тој верувал, како што веруваат сите Евреи, дека има време за војна, како што учи Проповедник 3.


Исус ја покажува својата омраза кон злото во параболата за злите лозари. Тој ни кажува дека сопственикот на лозјето ги казнил злите лозари кои ги убиле неговите слуги и синот, како што вели текстот, „предавајќи ги тие бедници на мизерна смрт“. Тоа се инспирирани зборови што опишуваат крвава казна на злите луѓе.


Во Откровение 19, облеката на Исус капе крв и од неговата уста излегува меч за убивање на злите. Ова е истиот Исус за кого многу христијани мислат дека е само благ и кроток. Но, вистинскиот Исус е исто така свет и ја казнува злобата.


Поентата? Иако Исус нè повикува да ги сакаме нашите непријатели, неговата љубов е света. Тоа е многу различно од љубовта на светот, која е типично несвета. Неговиот повик да ги сакаме нашите непријатели не е во спротивност со трагичната потреба на народите, особено нацијата на Божјиот избран народ Евреите, да се бранат од оние кои бараат нивно елиминирање.


Ние христијаните треба да препознаеме дека Иран и Хамас сосема отворено велат дека тие се следни по христијаните. Израел денес се бори за цивилизација и за праведност. Треба да направиме сè што можеме за да ги поддржиме - духовно, политички и воено.


Проф. Џералд Мекдермот е англикански теолог и водечки научник за христијанскиот ционизам. Оваа порака е извадок со мали измени од неговата презентација на конференцијата Envision на ICEJ во 2024 година.


Погледнете го нашиот вебинар каде што проф. Мекдермот дискутира на темата: Царството Божјо и војната во Газа.


ree


 
 
 

Comments


bottom of page