Светите Места во Ерусалим Изложени на Ирански Напади
- ICEJ MK
- Mar 21
- 2 min read
Updated: Mar 23

Во текот на 16ти Март, Иранскиот режим пак испали ракети кон Ерусалим, кон Стариот Град, очигледно целејќи кон местата кои се резервирани за славење на Бога и аџилак, вклучително светите места на трите најголеми религии. Овој пат, делови од ракети паднаа во склопот на џамијата Ал Акса, Базиликата на Светиот Гроб, Местото на Храмот и Ѕидот на Плачот.
Базиликата (Црквата) на Светиот Гроб

Ова место е најважната точка за аџилак, за повеќе христијански верници. На ова место се оддава почит на Исусовото распетие и погребение. За православните верници, секоја година на Велигден оттука произлегува Светиот Оган, кој потоа се распространува низ целиот свет. Последните археолошки истражувања и испитувања ја откриваат и потврдуваат поврзаноста на ова место со Библиските случувања од времето на Господ Исус Христос.

Ѕидот на Плачот
Свето место во Јудаизмот. Место каде што начелно посетители на Ерусалим, од сите религии, ги оставаат своите молитви помеѓу камените блокови. Овие пишани молитви подоцна грижливо се чуваат и складираат.

Ал Акса
Џамијата Ал акса се наоѓа веднаш до Ѕидот на плачот. Се смета за свето место за муслиманите. Во неа има стена за која се верува дека е од времето на Авраам.
Од сегашната ситуација произлегуваат четири точки кои мже да се извлечат:
Иранскиот терористички режим намерно го гаѓа Ерусалим - град каде живет повеќе од еден милион Евреи, Христијани и Муслимани живеат - со што директно ги става во опасност животите на цивилното население и ги загрозува светите места на трите религии.
Фактот дека режимот на ајатолахот одлучи да испали ракети за време на светиот муслимански празник врз местата свети за исламот го покажува неговото цинично непочитување на сè што е свето.
Нападот врз светите места дополнително нагласува дека тврдењата против Израел во врска со какви било ограничувања на муслиманската слобода на богослужба се неосновани и претставуваат транспарентен обид за поттикнување и разгорување на тензии, без никаква фактичка или религиозна основа.
Израел ги штити светите места на сите верници и ги користи сите потребни одбранбени средства за да спречи штета на сите верници и на сите свети места.


Оваа година прославата на Велигден во Ерусалим од безбедносни причини нема да се одржи, иако можно е да ја има ограничен број на луѓе кои ќе ја запазат традицијата.




Comments