ICEJMK Одбележа 83Години од Депортацијата на Македонските Евреи
- ICEJ MK
- Mar 21
- 2 min read
Updated: Mar 23

На 12 Март 2026г. ICEJMK организираше свечен настан во спомен на депортацијата на Македонските евреи. Иако настанот оваа година беше дел од тродневен поширок собир, за тоа ќе пишуваме во друга прилика.
Како што по природа сме здружение кое ја одразува христијанската поддршка за Израел -со Библиска основа- за нас, во Македонија, е од најголемо значење да го зачуваме споменот на нашите сограѓани евреи, кои насилно беа оттргнати од нас.И одведени во Треблинка, од каде ниту еден од 7144 души, не се врати. За жал, Холокаустот во Македонија има неславна бројка - 98% од нашите Евреи беа одведени.
Така, ова сеќавање, по традиција започна со Кадиш (Еврејска молитва во чест на починатите).
Но сепак, гледајќи во минатото, сакаме да посочиме кон сегашноста и иднината. Во тој смисол е и нашата “Декларација за Поддршка на Израел“, која беше прочитана потоа.
Како светла точка на овој настан, секако беше видео обраќањето на амбасадорката на Државата Израел во Р.С. Македонија Н.Е. г-ѓа Вивиен Ајзен. Сметајќи дека овој говор навистина го заслужува нашето внимание, во следниот блог пост ќе го пренесеме во целост.

Како претставник на македонските евреи, на присутните се обрати и м-р Маја Суша, Истражувач на Холокаустот при Центарот за Културно и Духивно наследство и магистрант на Холокауст студии на Универзитетот во Хаифа, Израел.

Настанот продолжи со две музички точки, oперски арии од Џ. Пучини, во изведба на извонредниот тенор Христо Арсовски.
Oд страна на проф. Рас Стајаноф, беше раскажана приказната за Рахел Нахмијас Кронберг (1917-2026), еврејско девојче кое во кобната 1943г. во Битола беше спасена од страна на Албанскиот конзул. Таа почина на почетокот на годинава, а се смета дека беше последна помеѓу оние кои го имаа Ладино јазикот како мајчин јазик. Професорот верно ја оживеа приказната, принесувајќи детали кои ги одушевија присутните. Се надеваме дека скоро ќе ја објавиме и тука...

Натаму беше изведено дело на Шербан Никифор Посвета на Авиху Медина за кларинет, виолина и клавир, (праизведба) во изведба на Игор Бакревски и Андреј Наунов.
За крај, настапи “Фолклорик“,фолклорна група, со песни и игри од нашето поднебје.

Нека споменот на нашите сограѓани- Евреи кои беа одведени е благослов!




Comments