Македонскиот Огранок на ICEJ го осудува обидот за опожарување на ЕЗРМ
- ICEJ MK
- Apr 13
- 1 min read
Updated: May 3

Македонскиот Огранок на Интернационалната Христијанска Амбасада Ерусалим безрезервно го осудува обидот за подметнување на пожар во објектот на ЕЗРМ во Скопје. Сметаме дека се работи за намерна провокација за да се поттикне омраза кон еврејскиот народ и Израел.
Оние кои стојат позади оваа агенда, се надеваат дека ќе повлечат повеќе души кон темнината на антисемитизмот, што за македонскиот народ никогаш не било карактеристично. Згора на тоа, времето во кое ова се случува е точно на најголемиот христијански празник Велигден, што само сериозно болен ум може да смисли. Зашто евреите беа и се дел од нас од век.
Би сакале да ве повикаме да не подлегнувате на вакви или слични провокации, да ги проверувате вестите заради пореална слика за случувањата на Блискиот Исток, и воедно да се возржиме од предрасуди, теории на заговори, и дневни забавни атракции.
Очекуваме дека сторителите на ова дело скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата и дека идејата која стои позади овој чин ќе биде во потполност осудена.
Тимот на ICEJMK




Comments