АНТИСЕМИТИЗМОТ И АНТИЦИОНИЗМОТ
- ICEJ MK
- May 2
- 4 min read

Пред некое време, во друга држава, на излогот на еден дуќан беше напишано нешто што ме натера да се замислам:
“Не се Евреите проблем, не се Христијаните проблем, Ционизмот е проблемот“
Ова ни вели, се додека не си ционист, скоро се друго е прифатливо. Би рекол дека тоа е добар пример за антиционизам.
За антисемитизмот пишувавме пред некое време. Го наведовме примерот на Авел, чија завист, па омраза го направија братоубиец. Но, барем на прв поглед, истата мотивација не го движи антиционизмот.
Ционизмот како движење се раѓа во касниот 19век, води до создавање на Државата Израел во 1948г. и ја поддржува идејата за враќање на Евреите во нивната татковина. Теодор Херцл е секако предводник на движењето, каде подоцна се приклучил и Бен Гурион, кој постанал првиот претседател на Израел. Како што ционизмот со време добива политичка димензија, така и антиционизмот добива политичка димензија. Во опзиција на ционистичките идеи и Државата Израел уште пред да е создадена, учествуваат Османлиската Империја до 1917г., Арапските земји Обединетото Кралство... Денес сме сведоци на војната против режимот во Иран, кој повеќе од 45години е најголемиот поддржувач на тероризмот на Блискиот Исток и се залага за уништување на Израел.
Така, антиционизмот, се противи на се што значи Еврејска Држава и враќање на Евреите во Израел.
Не би можеле да го прескокнеме фактот што антиционизмот започнува како осуда на идеја, и според тоа се труди да изгледа похумано од антисемитизмот. Но, и хуманизмот според својата дефиниција е спротивен на Божјите принципи и го означува човечкото со одсуство на Бог.
Револт и бунт
Откако гревот ги оддалечи Адам и Ева од Бога, па Каин го уби Авел, кога по потопот потомството на Адам се намножи на земјата, нациите после Ное, рекоа: ајде да направиме град и кула, висока до небото, да се здобиеме со име, за да не бидеме растурени по целата земја. (Созд. 11:4)
По овој собир во Бабел, тие беа растурени по целата земја, сите зборејќи на своите јазици. Така, откога Ева ги слушна лагите на змијата и поверува дека е така, дури и по потопот, бунтот против Бог остана во природата на човештвото.
Денес, особено со случувањата на Блискиот исток, антиционизмот се манифестира во многу земји и нации низ целиот свет. Како во политиката така и во секојдневниот живот. Особено е изразен кај лево ориентираните партии и се занимава со осуда на Израел и спротивставување на нејзината добробит, како на пример BDS, бојкот на израелските производи и санкции врз Израел. Секако, некои земји отворено ја застапуваат агендата на антиционизмот како исправна. Во некои држави, ционизмот е казнив со закон.
Арно ама,
вака вели Господ Бог: „Ете, Јас полагам во основата на Сион камен, камен испитан, аголен, скапоцен, темелен: кој верува во него, нема да се посрами. ( Исаија 28:16; 1Петар 2:6 ; Римјаните 9:33)

И ќе загрми Господ од Сион и ќе го испушти гласот Свој од Ерусалим: ќе затреперат небото и земјата; но Господ ќе му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израелови. (Јоил 4:16 )
Од Сион, кој е врв на убавината, заблескува Бог (Псалм 50:2)
Благословени се оние чија сила е во Тебе, во чии срца е високиот пат кој води кон Сион (Псалм 84:5)
Сион е спомнат околу 160 пати во Библијата, повеќето во Стариот Завет. (7х во Новиот) Изгледа дека Библијата му придава големо значење, и дека Бог има планови за Сион, кои не се завршени.
Ако е така, тогаш сите што се противат на Ционизмот, се противат на Божјиот план за Израел. Искрено, не би сакал да сум на нивно место.
Антисемитизмот и Антиционизмот
| Анисемитизам | Антиционизам |
мотивација | завист, омраза убиство кон Еврејскиот народ | неразбирање што е добро и зло, противење на Божјиот план за Израел , бунтовништво кон Бог
|
позиционирање | Осуда на Еврејскиот народ (преку обвинување, оцрнување, демонизација )
| Осуда на Ционизмот (преку обвинување,оцрнување, демонизација на Државата Израел ) |
цел | Истребување на Евреите (преку прогон, насилна промена на вера, погром, мачења, убиства, масовно истребување - Холокауст | непризнавање на правото на Израел да постои, бришење на Израел од мапата на светот (повици до целиот свет да се придружат на каузата, медиски кампањи, тероризам, воени акции) |
Поентата на оваа споредба, иако во скратена форма, е да покаже дека антисемитизмот и антиционизмот сепак потекнуваат од ист извор и дека одат заедно, иако првиот засега сака да се прикрие, зашто беше јавно осуден по втората светска војна. Но ако има можност, ќе се покаже со сета своја темнина.
Затоа се прераскажуваат страшните приказни од Холокаустот, затоа повторно “Се Сеќаваме“ и затоа велиме “Никогаш Повеќе“.
А што вели Бог?
Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи? 2Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господ и Неговиот Помазаник. 3„Да ги раскинеме веригите нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни.“ 4Оној, Кој живее на небесата, им се смее, Господ им се подбива. 5Тогаш во гневот Свој ќе им говори и со јароста Своја ќе ги вџаши, велејќи:
6„Јас си поставив Свој Цар на Сион, на Мојата света гора!“
7Ќе ја објавам одлуката Господова, Тој Ми рече: „Ти си Син Мој, Јас денес Те родив.“ Псалм 2
Тимот на IcejMk




Comments